(ВИДЕО) Стојанче Ангелов: Еден милион евра за обвинителот што ќе го уапси Никола Груевски

Од:

На денешниот протест пред МРТ, генералот Стојанче Ангелов објави дека ќе даде награда од 1 милион евра за обвинителот што ќе го притвори и уапси Никола Груевски.

-Повикаувам еден истражен судија или јавен обвинител и веднаш да дадат налог за апсење на Никола Груевски и другите криминалци. Да беа чесни и храбри, обвинителите досега ќе ја имаа притворено половина Влада. Додека ние секојдневно ги повикуваме да ги разбудиме обвинителите да постапуваат по закон, го повикуваме Груевски и министрите да си поднесат оставки, зошто само така, малку ќе го обелат извалканиот образ. Ги држите со страв своите, ни тие не ве сакаат, а не пак народот, рече Стојанче Ангелов пред МРТ.

Ангелов потсети на последните бомби на опозицијата во кои се говори за 20 и 30 милиони провизии.

– Ние имаме луѓе кои лежат во затвор за 100, за 20 за 50 евра, сетете се на уапсените на македонските патарини, на уапсените полицајци, цариници, затоа што се здружиле во злосторничко здружение и противправно се збогатиле со неколку илјади евра. А овие краделе, краделе без усул. Се работи за стотици милиони евра. Дознав дека во Кина оние кои што учествувале во оваа матна криминална зделка веќе биле подготвени за стрелање. Во Кина стрелаат за истата работа, а овие уште се на власт и уште не’ убедуваат дека се со чист образ. Ако слушавме дека само за два автопата украле 20 милиони евра, тогаш ги прашуваме колку украдоа од СК 2014, од гасоводот, набавка на автобуси и други инфраструктурни проекти, рече Ангелов.

Тој уште еднаш го повика Никола Груевски да си даде оставка и реле дека ниту во ВМРО-ДПМНЕ не го сакаат и нема да го изгласаат на конгресот во Куманово. Ги повика и министрите веднаш да си остават оставка.

– На почетокот од нивниот мандат не уверуваа дека градат, а сега сфаќаме дека крадат, рече Ангелов. Тој повика сите полицајци да пишуваат извештаи за кривични дела. Да напишат:

„Слушнав дека Никола Груевски незаконски купува плац на Водно“.

Генерал Ангелов рече дека се формира Граѓански пленум во кој треба да дојдат сите граѓани без разлика на нивната националност, верска припадност или политичка определеност.

– Сите да се обединиме во еден широк надпартиски, надверски, Граѓански пленум, да не можат да ни лепат етикети. Во него има место за сите. Ангелов најави дека ќе има протетсти секој ден во 19 часот, а секоја сабота ќе прави се поголеми протести, како единствен начин да се ослободи МРТ од партиските стеги.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он