(ВИДЕО) Стоилковски: Заев јавно повикува на поткуп на гласачи, Обвинителот мора да реагира

Од:

„Зоран Заев го допре дното. Зоран Заев ја одреди цената за која што граѓаните треба да се откажат од националниот идентитет. Зоран Заев отворено порача колку чини откажувањето од историјата, традицијата и културата.

Зоран Заев на отворена сцена, пред граѓани, среде митинг, повика и поттикна сопственици на компании и бизнисмени да ветуваат или даруваат подарок или друга материјална корист за избирачко право. Заев побара од бизнисмените да даруваат пари и материјална корист на вработените, од друга страна кон работниците настапи со барање и очекување за 6 илјади денари да ја продадат државата и идентитетот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е скандал без преседан! Чист криминал за кој што во секоја правна држава се оди директно во затвор! Ваква монструозност, вакво отворено бесрамно признание, поттикнување и заплашување за изборни цели, е незапаметено во Република Македонија. Колку и да е клиентелистички и под притисок македонскиот правен систем, за ова мора да има кривична одговорност.

Признанието на Заев е потврда на кривично дело кое во правниот систем на Република Македонија е опфатено во најмалку четири Закони: Кривичниот Закон, Законот за спречување на корупцијата, Изборниот Закон, Законот за референдум. Ова е кривично дело кое директно удира врз највисокото демократско право, а тоа е правото на избор.

Според Членот 162 од Кривичниот закон: Поткуп при избори и гласање, стои: „Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава, или ветува подарок или друга корист со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор најмалку пет години“

Во Членот 160 од Кривичниот закон – Повреда на слободата на определување на избирачите, се вели: „Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право ќе се казни со затвор од најмалку три години“.

Ова е признание за кое Јавното Обвинителство веднаш мора да поведе истрага“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски