(ВИДЕО) Стоилковски: Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и за лек за цистична фиброза

Од:

Почитувани во само еден ден расипничката власт објавува оглас за 137 вработувања на буџет, во администрација! Ова е показател за расипништвото и целосна забеганост. Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и не дава за лек за цистична фиброза. Ова е начинот на којшто се справува со кризите. Ова е примерот за политиката “намалување на обемната администрација” за што се фалеа, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Полнење на администрацијата со партиска војска, во услови на криза во само еден ден 137 државни службеници. За буџетска плата и придонеси. Овие вработувања се дополнителен товар на земјоделците, дополнителен товар на работниците дополнителен товар на сите коишто се во реалниот сектор. Нема пари за студентите, нема пари за земјоделците, нема пати за лекови за пациенти кои протестираат пред здравство, ама има пари за партиската војска на СДС и ДУИ.

Од овие огласи за државни службеници 100 во министерство за финансии, 22 во Собрание, 9 во министерството за труд и социјална политика, двајца во фонд за пензиско, и четворица директно во кабинетот на Димитар Ковачевски во владата. Овој се огласи за 137 места со просечна плата од 30.000 денари за плата и придонеси. Тоа се речиси еден милион евра следната година за плати и придонеси за партиските вработувања на СДС и ДУИ сега, во очи на нова година. Ете за што им требаше најголем буџет, ете за што билдаат даноци, ете за што не се откажуваат од акцизи. Ова е срамно и понижувачки! Само избори се спас од оваа забеганост – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски