Директорот на ЦСР од Радовиш, Александар Филев кој што е од СДС, и којшто пред 20 дена во Штип беше уапсен заради трговија со дрога, на 8 март бил уапсен заради алкохолизам и насилство врз полицајци среде полициска станица. Според полициски извори, на 8 март во 19.45 во полицијата во Радовиш е приведен Александар Филев, директор на ЦСР Радовиш, видно алкохолизиран, заради нарушување на јавен ред и мир, а во полициската станица се заканувал на двајца полицајци и кон нивните семејства, па е лишен од слобода заради дело Загрозување на сигурност по член 144 став 3 од КЗ, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Истиот дирекот на ЦСР Радовиш, истиот Филев од Радовиш, пред само 20 дена во Штип беше уапсен од полиција за недозволена трговија со дрога, а кај него била најдена опојна дрога. Почитувани Александар Филев е директор на ЦСР од декември 2023-та година, по избор на Јована Тренчевска функционер од СДС и по избор на СДС чијшто член и поддржувач е Филев. Ова е втор тежок инцидент на Филев, Директор на ЦСР Радовиш за два месеци. Во неполни 20 дена, Александар Филев директор од СДС, е апсен, прво заради дрога, втор пат алкохолизиран и нападнал полицајци среде полициска станица.
Ова е срамно. Едно е дали СДС има потреба од ликови како Филев со кои можеби сака да врши изборен поткуп и злоупотреба на ЦСР, но ЦСР е пресериозна институција и со неа да раководи човек апсен со дрога или алкохолизиран насилник, па дури и да е од СДС и во предизборен период. Оттука, во интерес на зачувување на дигнитетот на Центрите за СР, во интерес на лицата коишто користат услуги на ЦСР, но и во интерес на Македонија, го повикуваме Министерството за труд и социјални работи, под итно да преземе соодветни мерки и да го разреши и отстрани Александар Филев од ЦСР Радовиш до расчистување на случаите. Ниеден процес како Техничка влада или изборни правила не смее да е над правата на корисниците на услугите на Ц-те за СР, но и вработените во ЦСР, да бидат водени и одлуки за нив да носи лице со проблеми со зависности од дрога и алкохол како што е можно да е Александар Филев од СДС Радовиш. Никогаш не било полошо, време е за промена – изјави Стоилковски.