(ВИДЕО) Стоилковски: Уште едно бегство од затвор во иста режија

Од:

„Се уште ги нема вистинските одговори и одговорност за крвавото бегство од Идризово, а се случува нов скандал, ново бегство, а со истите режисери. Повеќе од 10 дена во бегство од затворот Скопје во Шуто Оризари е осудениот затвореник Нафи Абдиовски. За појаснување, осуден на 8 месеци за сторено кривично дело измама врз основа на досието, Секторот за ресоцијализација му одредил третман со група Б односно да биде преместен во полуслободно одделение“ рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова лице кое што се повторува на фотографиите Нафи Абдиоски, чест гостин во Владата на СДС, со еден убав албум фотографии во прегратки со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првиот вицепремиер Артан Груби, во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, фотографиии со претседателот на Собрание, фотографија со Стево Пендаровски“ рече Стоилковски.

Тој праша:

1. Дали се работи за лице кое што има 16 кривични дела и толку неправосилно пресуди?
2. Дали Нафи Абдиовски со правосилност на овие пресуди би лежел 15 години затвор?
3.Дали е повратник во затвор?
4. Дали законот според пресудите за Абдиовски и во делот на тоа што е повратник, законот посочува дека Нафи Абдиовски НЕ СМЕЕЛ да биде затвореник во Шутка, туку би морал да лежи во Идризово?
5. Уште повеќе, дали смеел да биде сместен во полуотворено одделение?

„Два скандали, две бегства од затвор, две лица миленици на власта со дебели досиеја. СДС-ДУИ ја претворија Македонија во држава на мафијата. Затвор лежат само оние коишто не слугуваат на интересите на СДС и ДУИ“ вели тој.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје

(ВИДЕО) Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

(ВИДЕО) Нова гатанка од Стоилковски за Груби: Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа продолжување на криминал, тендери во 4 очи и порази на Македонија

(ВИДЕО) Стоилковски: Ново бегство во Идризово! Ова е систем, не инцидент!

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?