(ВИДЕО) Стоилковски: Постојат Бугарски пошти, Пошта Србија, Пошта Косово и Национални пошти без македонски белег

Од:

„Заевизмот и капитулантската политика на Зоран Заев институцијата Македонски пошти ја преименува во Национални пошти.

Јавното претпријатија зад мене е јавен оператор во внатрешниот и меѓународниот поштенски сообраќај на Македонија, кое заради политиките на Зоран Заев го изгуби својот идентитет“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме поштите се синоним на држава и прво организирано институционално дејствување на системот за комуникации кое речиси по правило носи во својот назив, во своето име идентитетски карактеристики на државата.

Затоа постојат Бугарски пошти, Пошта Србија, Пошта Косово, Канадски Пошти и други примери, но заради Владата на Зоран Заев и нивната безумност Македонија ќе има Национални пошти без белег на Македонија или пак Македонски.

Да биде апсурдот поголем Македонски Пошти долги години промовираше поштенски марки за одредени историски, културен или историски поводи или јубилеи во Македонија со цел да го одбележи и зајакне идентитетот, за сега истото претпријатие да го загуби сопствениот идентитет заради квинслишката политика на власта.

Ова е само уште еден пример, уште еден доказ дека Заев го понижува својот народ. Договорот од Преспа не значи само бришење на уставното име на државата, туку и уништување на институционалниот идентитет што ќе направи огромна штета на достоинството на македонскиот народ и на државата.

Поразите на државен и национален план кои во низа ги предизвикува Зоран Заев мора да престанат. Првиот чекор се претседателските избори кон победа на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со што ќе отпочне падот на криминалниот деспотизам предводен од Зоран Заев и ќе донесе повторно надеж, гордост и достоинство во Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање