(ВИДЕО) Стоилковски: Постои ли уште некој близок до Филипче што има имот на Водно во близина на Шпанско село 2?

Од:

„Документите кои што се јавно достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна Клиника и приватна фирма која што инкасира речиси 8 милиони евра од министерството можат заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира.

Министерот Филипче призна дека семејството на неговата сопруга заедно со директорот на клиниката и нивниот бизнис партнер поседуваат над 15.000 м2 на Водно. Во Шпанско село не само што во моментов се градат две касарни туку уште 3 такви се предвидени за градба.

Ниту Филипче, ниту неговиот директор не постапиле согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Законот за Јавните набавки во делот на судир на интереси. Министерот призна дека лично склучил договор за јавна набавка со фирмата Синерџи фирма на неговиот партнер во Шпанско село 2, тој се јавува како сосопственик во Шпанско Село 2 заедно со директорот и со семејството на Филипче. И сега заедно инвестираат. Ниту пак директорот не постапил согласно овие два закони и потпишал договор за јавна набавка со Синерџи“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Следуваат докази нови од кои што ќе се види можноста со купопродажните договори да биле измамени продавачите, а оштетени се и буџетите на град Скопје и на општина Карпош.

Видно од сите купопродажни договори е дека инвеститорите купуваат ниви по цени од 10 до 25 евра по м2, иако за селото Нерези уште во 2014 година е донесен општ акт за село и согласно член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање „Катастарската парцела претставува градежна парцела“ па оттаму уште од 2014 година ова земјиште е градежно земјиште.

Имајќи ја предвид купопродажната цена од договорите за купување на имотите, на плацевите дел од Шпанско село 2, се отвора сомнеж дали постои измама пред се на продавачите на парцелите кои потоа партнерски се купуваат, но и на даночното одделение на Град Скопје, каде што се пријавува имот како ниви иако знаеле за урбанистичкиот план, а потоа и во 2017 година и сами финансирале АУП во кој што се нацртани 5-те касарни наречени од народот?

Пазарната цена на градежното земјиште кои сами си ја утврдиле во договорот за физичка делба на една катастарска парцела е 60 евра или од 100 до 150% поголема од онаа во договорите за купопродажба!

Вистинската пак пазарна цена може да се види од официјалниот државен регистер на цени кој што го води Агенцијата за катастар на недвижности. Видно е дека цената за 1 м2 градежно земјиште во Нерези во делот каде што и е Шпанско село 2 достигнува до 115 евра за 1 м2“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски