(ВИДЕО) Стоилковски: Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните

Од:

СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето. Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен број на граѓани од тие градови.

Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати.

Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден.

Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните.

Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени.

Граѓаните не се ниско интелегентни за да им поверувааат на манипулациите на Заев и Анѓушев.

Доколку Заев и Анѓушев навистина сакаат да преземат мерки против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ со своите стручни тимови уште лани се понуди за помош, при што предложи и мерки кои што неопходно и треба да бидат применети.“, наведе Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија