(ВИДЕО) Стоилковски: По нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува државата и го осиромашува народот

Од:

Пет години се на власт и ова е резултатот на власта на антимакедонската СДС. Пет години апсолутна власт во Македонија, а Македонија влетува од кризи во кризи, од картел на СДС во картел на СДС. Пет години апсолутна власт со корумпирано судство во суд. Пет години нема ниту едно дело или процес за Христијан Мицкоски, и тоа е најголемиот доказ за лагите на антимакедонскиот СДС, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Но затоа во овие пет години изградија картели, изградија криминогени мрежи за лично богатење и за осиромашување на народот. По нарко марихуанскиот картел, сега владее соларен картел којшто ја осиромашува државата и го осиромашува народот! Затоа нема струја, затоа нема парно, затоа нема гас, затоа се затвораат фирми, а народот стравува за утре. Картелот наместо лаги, мора да одговори за влијанието на дезертерот Ковачевски во милионскиот бизнис на компанијата основана заедно со неговиот кум на штета на народот. Картелот СДС се служи со лаги само и само за да ја девастира Македонија и да оствари лична профит! Ова мора да има крај! Наместо лаги, антимакедонската СДС треба да одговори за оваа шема на Ковачевски – тврди тој.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски