(ВИДЕО) Стоилковски: Обвинителството да испита можна корупција во врска со скандалот „Шпанско село 2“

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство ги поднесе индициите за како што вели „сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот Шпанско село 2“, што според ВМРО-ДПМНЕ е во режија на министерот за здравство Венко Филипче.

„Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовески и другите обвинители туку во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција“, рече Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека постојат сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки.

„Со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“. Очекуваме реакција од страна на јавното обвинителство“, додаде Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје