(ВИДЕО) Стоилковски: Обезбедувањето можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ

Од:

Насилството во М-НАВ докажува дека СДС и ДУИ ниту расчистиле ниту ќе расчистат со бандитизмот. Чуварската фирма којашто не само што не спречи, напротив, им отвори порти и врати од автомобилите на тепачите врз контролори за летање, во контролна кула додека десетици авиони имале прелети, во истиот период, од истите директори, добиле нов годишен договор. Наместо веднаш по инцидентот во стратешки државен објект, по ваков напад, да биде прекинат договорот со обезбедување, и да биде отворен предмет за улогата на обезбедувањето во нападот, државата има нов договор со истата фирма, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Почитувани, кичевската “2сс”, е првата фирма за обезбедување којашто добива тендер за М-НАВ, а само неколку дена пред бандитизмот на ДУИ во контролната кула, има нов договор со старите, сега сменети, директори. Па оттука; Која и колкава е улогата на 2сс во нападот врз стратешки објект на државата? Зошто не е раскинат веднаш договорот по ваков бандитизам? Но и зошто обезбедувањето не реагирале навремено? Чија е оваа компанија што обезбедува ваков стратешки објект?
Зошто М-НАВ под ДУИ и СДС се одлучува за приватно обезбедување пред две години, а сега се продолжил договорот со 2сс? Почитувани, според сведоштва на присутни, јавно е кажано дека токму ова обезбедување ги отворило двете порти (рампи), а еден обезбедувач, дури и се стрчал да ја отвори вратата од џипот со којшто дошле напаѓачите?

Почитувани, поминаа две недели, СДС и ДУИ се обидуваат случајот да исчезне од фокусот и да заврши како сите други бандитизми во државата. Ова по дефиниција е меѓународен инцидент со можни животозагрозувачки последици. Компанија која е блиска до ДУИ, и која во време на обезбедувањето на контролата кула и се случува насилство врз контролори на летање на смена, не е логично да продолжи со обврските. Обезбедувањето, можен учесник во напад врз контролната кула добива нов тендер со М-НАВ. Состојбата е пресериозна за да се остави на бандитизмот. Од бандитизмот на ДУИ и СДС врз институциите, на луѓето им се лоши и затоа велиме никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога