(ВИДЕО) Стоилковски: Наместо да го бараат избеганиот притвореник, синот на Командант Баци од УЧК, полицајци вадат пиштоли по кафани

Од:

Наместо веднаш да се бара каде исчезнал притворениот син на Командантот Баци, којшто го вратиле дома од суд во притвор додека се пишувало решение за затворски притвор, наместо полицијата да реши барем едно од пукањата низ Скопје, МВР соопштува дека силите на Оливер Спасовски по кафани вадат пиштоли, а по медиумите имало и бремени жени и се почнуваат тепачки со последици, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Срамно и недостоинствено, припадници на полициските специјалци- Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици и сето ова е пријавено и за сето има записник во полициска станица! Наместо да го бара избеганиот притвореник, синот на Командантот Баци од УЧК, полицијата вади пиштоли по кафани!

Почитувани, ова е сликата за МВР со Оливер Спасовски, осма година министер за полиција! Ниедно решено пукање низ Скопје, редици криминални пресметки, киднапирање и убиство, бегства од притвори и затвори, а полицијата ако не е дел од акциите, тогаш вади пиштоли по кафеаните! Оливер Спасовски, доколку е доблесен, веднаш мора да одговори за бегството на синот на Командантот Баци од УЧК, и за однесувањето на Тигрите по кафеаните! Почитувани, каква полиција, таква држава! Наскоро ќе има расчистување и одговорност за сите случувања – истакна Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога