(ВИДЕО) Стоилковски: На училиштата им е наредено да го избришат името Република Македонија од училишните згради

Од:

СДСМ ја избриша Република Македонија пред очите на децата, пред очите на учениците. Без трошка чувство за државност, на 31 јануари општините во Република Македонија добиле насоки од Владата, по што следела наредба до училиштата да биде избришано името Република Македонија од училишните згради. И повторно во јавноста лажат, велат ќе почекале, со некаков план како ќе се одвивало менувањето на таблите. А всушност, одамна е почнато тајно корнење на името на Република Македонија, започнато прво од училиштата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова зад мене се неколку фотографии од уништени табли во Кисела Вода и Драчево во Скопје каде е изгребано, префарбано, тргнато името Република Македонија. На оваа „црна акција“ според нашите извори, следела реакција на дел од учителите секако на дел од родителите. Наредба да се брише, прешкртува, гребе името на државата, да се откорне Република Македонија, а местото да остане празно со видлилви траги на насилство и насилното бришење, прекривање на буквите. Како да се работи за срамна, недолична порака на училишен ѕид.

Оваа црна акција на бришење на Република Македонија од институциите, од училиштата е спротивно дури и на капитулацијата, каде стои дека промената ќе е активна по потпишувањето на протоколот за членство во НАТО од Грција, за потоа да има уште неколку договорени процеси, нота од и до Грција, известување до ОН. Тоа го знаат, но СДСМ побрза да ја избрише Република Македонија уште на 29 јануари.

Ова е наредбата од владината седница на 29 јануари пратена до општините на 31 јануари, по што е постапено веднаш.“ рече Стоилковски.

Според него, тоа е заштитениот идентитет и потврдата која што Зоран Заев и  ја донесе на Република Македонија.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито