(ВИДЕО) Стоилковски: Милионерот Љушев, другар на Ковачевски, ја вработил сопругата како директор на сектор

Од:

Се што е поврзано со СДС не е далеку од непотизам, корупција и од криминал. И секако, сето тоа поврзано со немање чувство за морална одговорност. Во зградата зад мене на Македонски Телеком, компанија во која голем удел има и државата, седи човек Никола Љушев којшто е близок другар на Димитар Ковачевски и којшто зема месечна плата од 11.500 евра. Како што не е тајна блискоста на сега милионерот Љушев со Ковачевски, не е тајна и скандалот со вработувањето и ѕвездената кариера на неговата сопруга во истата компанија, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Милионерот Љушев веројатно во економска криза малку му се 11.500 евра месечно па ја вработува сопругата како секторски директор во Телеком. Во секоја голема, нормална европска фирма, особено каде што државата има удел, и каде што се вреднуваат европските норми и би се избегнувале корупциските и непотистички зафати, ова би било скандал со огромни размери коишто би довеле до оставки и повлекување од морални причини. Секако ако вакви зафати прави првиот човек на компанијата, генералниот директор, тоа станува воспоставена практика во компанијата, па вакви случаи во македонскиот Телеком има во серија. Но како што нагласив на почеток, се што се доведува во врска со Ковачевски и со СДС, не е далеку од корупција, неказнивост, неетичност и секако во верба во неказнивоста – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски