(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски учествувал во нелегалното прислушување во 2015 година?

Од:

Продолжуваме со прашањата за Ковачевски и Зечевиќ за историјата, одговорноста и улогата на Зарко Милошевски во скандали и општествени потреси. Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали и каква улога имал Зарко Милошевски, новиот директор на АНБ, пулен на Зечевиќ и Ковачевски, во скандалот со нелегалното прислушување во 2015-та година, праша денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– УБК во 2015-та година беше дел од МВР со полициски овластувања во состав на правосудна полиција да собира докази и гони сторители на кривични дела против државата, а Зарко Милошевски во 2015-та година е началник на единицата за екстремизам, односно еден од началниците од тимот на тогашниот директор на УБК.

Па Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски како началник во УБК, еден од тимот на директорот, дали знаел за нелегалното прислушување?
Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат имало ли пречекорување на законски дозволени рокови за следење на комуникациите од единицата на Зарко Милошевски?

Ковачевски и Зечевиќ мора да одговорат дали Зарко Милошевски, нивниот пулен директор за АНБ, дали тогаш постапувал и дали учествувал во нелегалното прислушување? Дали можеби известил некого за тоа?

Ковачевски и Зечевиќ повторно одмолчеа за што е награден Зарко Милошевски со директорското место во АНБ и дали е тоа за државјанството за Онишченко? Одмолчеа и на прашањата за улогата на Зарко Милошевски на 9-ти мај 2015-та година и дали е негова одговорноста за лошата проценка на УБК каде што Зарко е началник на единицата за екстремизам? Молкот за овие прашања повторно фрла сенка и гради недоверба во безбедносниот систем и него го прави порозен! Македонија тоне од криза во криза, заради партизација на клучните институции, криминалот и високата корупција – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје

(ВИДЕО) Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

(ВИДЕО) Нова гатанка од Стоилковски за Груби: Апашлукот му го вардат Владата и солар-аргат

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа продолжување на криминал, тендери во 4 очи и порази на Македонија

(ВИДЕО) Стоилковски: Ново бегство во Идризово! Ова е систем, не инцидент!

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?