(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски и СДС да одговорат каков разработен план добиле од тиранската средба

Од:

Фалењето на тиранската средба од страна на Димитар Ковачевски е потврда за се она што го кажавме за таа средба! Премиер се фали што лидери на политички партии се среќаваат, како ученичиња запишуваат задачи од премиер на соседна држава. Премиер во нормална држава би го осудил таквото однесување, Димитар Ковачевски тоа го пофали затоа што се работи за интерес за пари и за спас на неговата политичка кариера, истакна на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, Димитар Ковачевски молчи што е тоа што треба да му исполни на Али Ахмети од тиранската средба во замена за опстојување на власт и продолжување на коалицијата на криминалот и корупцијата? Од јавен интерес е Димитар Ковачевски да соопшти што е тоа на коешто беспоговорно се потчини пред испорачаното од Тирана одобрено преку празни флоскули и ловорики кон премиер на странска држава? Дали и кои бизнис интереси се побарани, дали и кои отстапки се побарани, дали и кое предавство е на маса? Ова што го прават Ковачевски и Ахмети нема врска со положбата на Албанците во Македонија, туку со криминални интереси и тендери за поединци“, вели Стоилковски.

Според него, однесувањето на Димитар Ковачевски и СДС е само потврда дека тиранската средба е на барање на Ковачевски за спас на фотелјата и политичката кариера преку отстапки и предавства, а за возврат да се реализираат агенди на штета на Македонија.

Оценува дека вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па се подготвени да исполнат се’ што ќе се побара од нив, на штета на македонските интереси, само и само за продолжување на мандатот на криминалот и на корупцијата!

„Димитар Ковачевски и СДС мора да одговорат каква агенда и план разработен на оваа средба добиле на маса за продолжување на агонијата и тонењето на Македонија? Одлуките за Македонија мора да се носат во Македонија и по промената на власта ќе се престане со оваа практика за Македонија да се одлучува надвор од Македонија“, посочи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски