(ВИДЕО) Стоилковски: Ковачевски да соопшти какви задачи ќе добие од Али Ахмети, дали се договорени бизниси или нови предавства?

Од:

Димитар Ковачевски денеска мора да каже што е договорено во Тирана, каде што повторно е договарано и се договарани зафати и политики за Македонија? Праша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Никој не верува дека партии од коалицијата со Ковачевски отпатуваа во Тирана само на новогодишен ручек, како што велеа. Ковачевски денеска мора да каже какви задачи му се испорачани од Али Ахмети? Дали Ковачевски се ќе му испорача на Ахмети од договореното во Тирана, дали се тоа бизниси или нови предавства, само и само за да продолжи коалицијата на криминалот и корупцијата?

Дали се тоа лиценци за нови фирми за трговија со струја, дали се тоа прифаќања на дополнителни условувања со бришења во Уставот? Ковачевски мора денеска да излезе во јавноста со одговори! Молкот од Ковачевски, Зечевиќ и од СДС за средбата во Тирана е само дополнителна потврда дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера, помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија. На Ковачевски, Зечевиќ и од СДС тирансклата средба им беше потребна за опстојување на власта, затоа што вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа се подготвени да исполнат се’ што ќе им се побара од нив, на штета на македонските интереси!

Димитар Ковачевски е слуга на интересите на Али Ахмети. Кариерата на Ковачевски се состои во исполнување на желбите и барањата на Ахмети. Ахмети со ова му фрли гума за спасување на политичката кариера на Ковачевски! Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата мора да се носат во Македонија и во македонското Собрание, истакна Стоилковски.

Граѓаните на предвремени парламентарни избори ќе го казнат ова антидржавно однесување на СДС и Ковачевски, додаде Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Груби манипулира за дивоградба од преку 160 м² без одобрение

(ВИДЕО) Стоилковски: Запрена дивоградба зад која има сомневање дека стои Артан Груби, тој повикува на конфликт

Катерина Павлова-Николовска

Стоилковски: Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали и зошто борци- повратниците од Сирија и Ирак, доброволци во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град?

Горан Наумовски

Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје

(ВИДЕО) Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?