(ВИДЕО) Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Од:

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје. Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје, праша на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски побара одговор и на прашањето колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

-Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат, рече Стоилковски.

Стоилковски додава дека Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!

Спорeд него срамота е Спасовски да се крие на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.

Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот,изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога

Стоилковски: Дали Филев, директор на СДС од Радовиш е трговец со дрога во полициски билтен

(ВИДЕО) Стоилковски: Го знае ли Лукаревска Законот за ДДВ кој предвидува кривични и затвор за лажни податоци или и треба обука?