(ВИДЕО) Стоилковски: Јовески мора да си замине бидејќи не постапува против изборниот криминал

Од:

„Македонија не смее да помине низ нов изборен процес со Љубомир Јовески како републички јавен обвинител. Јовески мора да си замине, бидејќи како дел од заевизмот, не постапува против изборниот криминал и со тоа ги злоупотребува своите позиција и овластувања.

Јовески остана глув и слеп на изборните манипулации, остана да седи во шинелот на Заевизмот, без да ги процесуира кривичните пријави поднесени од опозицијата. Уште повеќе што наместо ВМРО-ДПМНЕ, Јовески сам, согласно надлежноста и функцијата требаше да започне истрага за кривични дела од извонредно значење, како што е изборниот процес односно референдум“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со евидентната кражба на гласови, со полнење на кутии во рекордно време, со поткуп на гласови, со притисоци врз администрацијата, не успеаја да ја поразат волјата на народот и да го протуркаат референдумот за капитулантскиот договор. Како што не успеаја тогаш, нема да успеат ниту сега!

Но, ништо не го амнестира Љубомир Јовески. Без постапка против организаторите и учесниците во овие кривични дела е директна заштита на изборниот криминал. Без постапување, Јавниот обвинител се стави на страна против граѓаните и против демократијата. Љубомир Јовески повеќе не смее да остане на функцијата јавен обвинител! Власта се сложи за обвинител на предлог на опозицијата и тоа мора да се почитува!

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и на правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои што правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања