(ВИДЕО) Стоилковски: Граѓаните на минусни температури чекаат во редови за лични документи под секое достоинство, заради неспособноста на Спасовски и Владата

Од:

Редиците зад мене се резултат на неспособноста на Оливер Спасовски и на Владата на СДС со ДУИ, кои што се неспособни да овозможат граѓаните на достоинствен начин да извадат лични документи! И не случајно сме вечерва тука на импровизираниот пункт на МВР, каде што на минусни температури граѓаните се подложени да чекаат во редови надвор за да извадат лични документи. А, иста ваква слика со метеж и редици е и во пунктот во МТВ за издавање, изјави Наум Стоилковски, портпарол на на ВМРО-ДПМНЕ.


– Јавноста мора да ја види вистинската слика за неспособноста на Оливер Спасовски, МВР и Владата на СДС. Ова е срамно, ова е сликата за владеењето на СДС и ДУИ, редици за документи.Ниту централата за закажување им работеше, ниту центрите за фотографирање им работеа на време, ниту сега имаат воспоставен систем за издавање на документи. Со еден збор – безредие! МВР наместо да воведува ред, е извор на безредието во Македонија, несигурност и создава проблеми на граѓаните!
Ако се сака за се има решение. Но, тоа во случај ако се не мисли на тендери и на криминал. СДС мора да поднесе одговорност, а народот ќе ја испорача сметката за малтретирањето на следните избори – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски