„Неверојатно но вистинито, но додека јавноста се уште очекува расчистување на аферата „Крвав тендер“, а во полн ек е скандалот за префрлањето на 3 милиони евра од Клиниката за хематологија во семејната компанија на директорката на истата клиника, незаменливиот Венко Филипче повторно се поврзува со нова афера. Овој пат со снабдување, со донации на лекови со кус рок.
Имено, министерот Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз. Ваквите донации, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување на истите лекови. Затоа сега јавноста овој факт го поврзува со прашање со скандалот со распределбата на инсулин со кус рок во Република Македонија“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оттука, Министерот Филипче мора да одговори дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија?
Дали невладината организација со која директорува Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок поделен на пациентите?
Колку чини уништувањето на инсулинот со кус рок по нивниот истек на рокот?
Дали додека турка непотребен проект тежок 35 милиони евра буџетски пари, пациентите ќе се лечат со донации?
Секако, неминовна е и потребата од одговорот дали Филипче додека е Министер за Крвави тендери, се уште ја води и невладината организација и се грижи за донациите на лекови низ половина Европа и државите од поранешниот Советски сојуз, запоставувајќи го здравјето на даночните обврзници во Република Македонија?
Почитувани, за неполна година од министерувањето на Филипче, не изминува ден без нова афера и нов скандал во најсензитивниот ресор во државата. Венко Филипче е рак рана на македонското здравство која мора веднаш да биде отстранета. Неприфатливо е ништо помалку од оставка и смена на Венко Филипче“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.