(ВИДЕО) Стоилковски: Филипче да одговори како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно?

Од:

„Овде од Нерези на 15.500 метри квадратни се градат две од петте за сега планирани касарни на Филипче, како дел од Шпанско село 2, последен од низата скандали на овој хибриден режим.

Само во овој хибриден режим министер за здравство и неговите институции може да доделуваат тендери за набавки тешки милиони евра на сосопственик и градежен партнер на семејството на госпоѓата министерка Филипче!

Венко Филипче за две години не успеа да направи ниту еден градежен зафат во медицинска инфраструктура, но затоа зад мене добитникот на јавни набавки со потпис на Филипче и на директорите под Филипче има градежни зафати за изградба на Шпанско село 2 заедно со семејството на Филипче“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање. Здравството не може ни ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерското Шпанско Село 2 во Нерези.

Венко Филипче мора да замине и да одговори, како со чесна државна плата се стигнува до 15.000 квадрати на Водно?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, како градежен партнер и сосопственик на имоти со семејството на Филипче добива 8 милиони евра на тендери?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, зошто зад мене на задолжителната информациска табла стои семејна куќа ако градежната дозвола е А4 за времено сместување?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали овој градежен зафат за времено сместување што опфаќа и дом за стари лица е резултат на разговорите со Боки 13?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, уште колку нему блиски функционери имаат парцели во делот на Шпанско село 2?

Венко Филипче мора да замине и да одговори, дали и во овој период до изборниот пораз итните тендерски набавки може да ги добие неговиот семеен градежен партнер?

Венко Филипче мора да замине од функцијата сега и веднаш, без одлагање.

Здравството не може ниту ден повеќе да биде заложник на тендери за градба на министерско Шпанско Село во Нерези на Водно“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски