(ВИДЕО) Стоилковски: ДУИ делеше „европски“ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

Од:

ДУИ и СДС вчера си го покажаа лажното проевропското лице. Вчера ДУИ делеше европски тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС! Беким Незири, предводник на тепачите, не е случаен човек, туку познат висок функционер на ДУИ. Невозможно е тој да влезе на тој начин во М-НАВ без знаење и поддршка на директорите од ДУИ, од партиското раководство и секако од власта, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавно, додека таму стојат новинари, дури се држи прес конференција, силеџии на ДУИ, влегуваат да тепаат, вратите им се отвораат, а до сега никој не е уапсен, и нема ниедна оставка? ОВА е вистинското лице на коалицијата што се затскрива зад лажни европски вредности! Уште повеќе лажна поевропска е причината; ДУИ веројатно во име на владата пушта тепачи во авио контрола, затоа што на оглас за работа не влегле партиските неспособни кадри. И ДУИ, од европската коалиција, пушта тепачи, а министерот од СДС, неспособниот Бочварски, од проевропската коалиција, уште молчи. Уште молчи и Оливер Спасовски, министер за полиција. Тепачи влетуваат во контролна кула, тепале вработени во контрола за летање, а наместо итна акција на специјалните сили, нема полициска акција за расчистување на случајот. Се помалку од итно приведување на Беким Незири ќе е гола соработка со тепачите. Бараме итни неотповикливи оставки од директорите и членови на раководните тела на М-НАВ, како и оставка од неспособниот Благој Бочварски! Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога