(ВИДЕО) Стоилковски: Дали Оливер Спасовски возвраќа услуга на Командантот Баци, со тоа што синот не завршува во Шутка?

Од:

Како е можно полиција да врати притвореник од суд дома додека се подготвува наредба за активен притвор, за следниот ден да го бара за носење во притвор, а притвореникот веќе е избеган? Оливер Спасовски не одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, синот на познатиот Командант Баци о УЧК, којшто треба да е во притвор? Лице во домашен притвор за две дела, со решение за затворски притвор за трето дело, едноставно – си оди, бега и го нема, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Едно од прашањата во јавноста е дали Оливер Спасовски возвраќа услуга на Командантот Баци од УЧК, со тоа што синот не завршува во Шутка? Дали е ова продолжеток на соработката со Командант Баци од времето кога СДС беше опозиција а Спасовски генерален секретар на партијата? Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство. На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор, наместо куќен притвор. Полицијата, сепак, го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор.

Срамно, недостоинствено и целосно понижување на полицијата! Зошто е враќан дома и оставен без обезбедување? Зарем немало проценка дека ќе избега? Или и тоа е дел од операцијата! Почитувани, граѓаните ќе ја испорачаат сметката на следните избори – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски