(ВИДЕО) Стоилковски: Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот

Од:

„Граѓаните немаат потреба од лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски кој што во низа од неколку месеци вршел кривично дело и ја извршуваше пратеничката функција!

Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот. Павле Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски, за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои се’ од претставниците на власта, на парламентот, јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија но и и злоупотребувале наркотици.

Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување на присуство, имајќи предвид дека Богоевски извршувал функцијата ја пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата!“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина