(ВИДЕО) Стоилковски: Аферата „Половина грам Кокаин“ е многу сериозна, а власта си игра играчки!

Од:

„Аферата „Половина грам Кокаин“ каде главен лик е Павле Богоевски е многу сериозна, а власта си игра играчки!
Полицијата и обвинителството мора да започнат сериозни истраги: со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени?

dobivaj vesti na viber

Потоа, во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат?

Што се’ можело и може да заврши во раце на криминалните мрежи“, праша Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Полицијата и Оливер Спасовски како министер мора да престанат со небулози и со бркање на таксисти додека можеби се тргува со класифицирани документи или сознанија од нив! Ова не смее да се сведе на политичка игра и да заврши како низа други афери со кои се поврзува МВР!

Јавното обвинителство на невидливиот Љубомир Јовески мора да излезе од политикантството и да започне сериозна истрага! Ако молчи за прислушувањето во ОЈО, за оваа сериозна афера мора да се реагира!

Павле Богоевски го загуби кредибилитетот, и мора да престане да се крие зад такси возачи или било кои други кои ќе му се најдат на патот надвор од Собранието! Одлуките кои се носат во Собранието мора да бидат доносени со чиста свест и целосна одговорност. Богоевски не е ништо повеќе од било кој друг граѓанин кој што бил фатен дека тргува на црниот пазар.

Богоевски го наруши угледот на Собранието и функцијата пратеник, и го повреди Етичкиот кодекс за однесување донесен во процесот наречен Жан Моне, заедно со европратеници.

Богоевски, итно, сам, повлечи се од Парламентот! Со тоа што тргуваш на нарко пазарот, ги прекршуваш сите етички, морални човечки норми. Исто така, веднаш повлечи се од комисиите каде си со тоа што поседуваш безбедносен сертификат, а понатаму на свој трошок побарај испитување во МАНУ извршено преку влакно од коса и тоа веднаш!
Резултатот од тестирањето сепак не те амнестира од соработка со нарко подземјето, а со тоа и од неподобноста, недостојноста за пратеничката функција“, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се лажговци и лицемери, летуваат во луксуз во Монте Крало и Црна Гора

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е неспособна, Македонија е меѓу државите со највисока инфлација

ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лефков: Се подготвува нов пишан документ со Бугарија кој ќе содржи нови обврски за Македонија

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Костадиновска Стојчевска наместо да се грижи за заштита на македонската култура, во манир на турбофолкерка ќе ја „орасположува“ публиката

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи, додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

Ана Ололовска