Во нелегитимна институција изгласаа легитимна Специјална обвинителка. И тоа не е спорно, ние сите пратеници, дел од четирите најголеми партии во Република Македонија го дадовме гласот за да ве легитимираме. И тоа е неоспорно. Вие рековте дека и нашиот претседател, Никола Груевски сотел зад вас, и тоа не е спорно, стојат сите четири лидери на политичките партии кои го ставија својот потпис во Пржино, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.
– Освен податокот дека сте се преселиле на улица Теодосиј Гологанов, ништо посуштинско во однос на предметите кои ги отворивме не можеме да најдеме и да предочиме. Сите овие тези за нелегитимноста би биле точни кога би се констатирало дека во Македонија имало 500 илјади фантоми. Не ни ги должите само нам овие одговори, туку на граѓаните кои одделиле 4 милиони евра, сума која е дел од вашиот буџет. Чии се снимките кои што лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги достави до вас? Дали имаме почетни наоди чии се снимките? Како во 12% од прислушуваните разговори е нејсано како немате слушнато разговори од Зоран Заев? Зошто ги избркавте двете обвинителки?, праша Стевананџија.
Според него, ако на Специјалното јавно обвинителство му треба повеќе време да ги преслуша разговорите и да поднесува обвиненија, треба да ги врати избрканите обвинителки.
Стевананџија праша дали двајца новинари се дел од СЈО и по кој критериум се избрани истите.
Александар Тодески