(ВИДЕО) Стефаноски: За само 5 месеци, Спасовски направи 250 незаконски распоредувања во МВР

Од:

„За само 5 месеци Министерството за внатрешни работи се претвори во партиска полиција на СДС. Со цел, да може МВР да биде партиска испостава на СДС министерот Оливер Спасовски изврши целосна партизација на министерството и ги смени сите професионалци во него.

Професионализмот и криминалот не одат заедно, затоа Оливер Спасовски спроведе стотици незаконски распределувања во министерството и постави партиски послушници.

За само пет месеци, на ниво на Македонија се направени над 250 незаконски распоредувања во Министерството за внатрешни работи.

Во Битола се направени над 19 незаконски распоредувања.
Во Велес над 36 незаконски распоредувања.
Во Тетово над 32 незаконски распоредувања.
Во Струмица над 22 незаконски распоредувања.
Во Охрид над 15 незаконски распоредувања.
Во Скопје над 13 незаконски распоредувања.
Во Штип над 11 незаконски распоредувања.
Во Гостивар над 8 незаконски распоредувања.
Во Куманово над 6 незаконски распоредувања.
Во Крушево 4 незаконски распоредувања.
Во Демир Хисар 2 незаконски распоредувања.
Во Македонски Брод 2 незаконски распоредувања.
Овие незаконски распоредувања во министерството и замената на професионалците со партиски послушници има за цел да се деградира целосно Министерството за внатрешни и да се премолчува пред сите нерегуларности.

На 15-ти октомври ќе пристигне казната за ваквото работење“, изјави Милан Стефаноски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби