ВИДЕО: Ставрески ги избегна камерите

Од:

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги избегна камерите. Тој се појави во хотелот „Холидеј Ин“ на одбележување на 93-годишнина од основањето на Стопанската комора.

Одржа краток говор во рамки на темата пред бизнисмени од земјава. Според најавите на неговата ПР служба вицепремиерот требаше да даде изјава за медиумите, но пред кракот настанот, од финансии соопштија дека Ставрески се упатил на седница на влада.

Зоран Ставрески се уште нема изјавено ништо во врска со аферата за прислушување, која ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На два од 11-те презентирани разговори кој според Заев се снимани од тајната полиција се и разговорите на министерката Јанкуловска и министерот за финасии Зоран Ставрески.

Меѓу другото тие зборуваат за партиски вработувања но и за отфрлање на кривична пријава која против Ставрески ја имала поднесено Салаѓана Тасева претседателка на „Транспаренси Интернешонал“.

Засега јавно за прислушувањата се немаат изјаснето ниту Јанкулоска, ни Ставрески. Тие ниту ја демантираа ниту ја потврдија автентичноста на телефонските разговори кои пред јавноста ги презентираше лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Досега се изјасни само јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој пред камерите рече дека никогаш не интервенирал да се повлече кривична пријава против министерот за финасии, Зоран Ставрески.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка против Зоран Ставрески кој се сомничи за нанесена милионска штета на буџетот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, Ставрески и Вељаноски на Филхармонија, дел во први редови дел во последен

А1он

(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА

СДСМ: Медиумските курири не можат да ја сокријат вистината за криминалната власт на Груевски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николов: Ставрески си замина, останува зарибаниот економски мотор на Владата

А1он

Собранието ја констатираше оставката на Ставрески

А1он