Собранието ја констатираше оставката на Ставрески

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ја започнa 106. седница на која бeше констатирана оставката на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

На седницата на дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата – Кирил Миноски, за министер за финансии и Илија Исајловски, за заменик-министер за надворешни работи откако вчера беше најавена смена на актулената заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска.

На седницата не беше прифатен предлогот на пратеникот Љубомир од НСДП, на седницата да се гласа за цела Влада, а не само за еден член на Владата. Се повика на члоенот 94 став 3 од Уставот со кој се предвидува кога се менува 1/3 од членовите на Владата да се гласа за составот на целата Влада.

Претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање и рече дека Уставот може да го толкува кој како сака.

На позицијата нов министер за финансии премиерот Димитриев на денешната седница ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски. Тој има плодно 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси. Дополнително поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Бооз Аллен Хамилтон во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување.

Миновски поседува и искуство во работа на државните институции. Пред раководењето на Управата за јавни приходи, тој во периодот мај 2014 – ноември 2015 беше прв човек и на Државниот пазарен инспекторат. Претходно бил ангажиран како менаџер на компонененти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор.

Би можело да ве интересира

Поведена постапка против Зоран Ставрески кој се сомничи за нанесена милионска штета на буџетот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, Ставрески и Вељаноски на Филхармонија, дел во први редови дел во последен

А1он

(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА

СДСМ: Медиумските курири не можат да ја сокријат вистината за криминалната власт на Груевски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николов: Ставрески си замина, останува зарибаниот економски мотор на Владата

А1он

Со каков „багаж“ си замина Ставрески?

А1он