(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА

Од:

Министерот за финансии Кирил Миноски напразно се труди да се оправда за кратењето на ИПА фондовите, за што има вина како поранешен директор на УЈП.

Еве овој документ од Ставрески посочува директно на Миноски.

Ова е документ од Министерството за финансии со потпис и печат од тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески испратен до Владата. Во него како што може да се прочита Ставрески укажува на директни слабости од УЈП чиј директор е тогаш Миноски, поради што ИПА програма не може да се реализира.

Станува збор за проект тежок 1.26 милиони евра средства од ИПА фондовите, што се уште не реализиран, како што призна и самиот министер Миноски преку Министерството за финансии.

Ставрески напишал до Владата дека УЈП под тогашно раководство на Миноски не работи доволно посветено, доцни со усвојувањето на актите за систематизација и договорите за твининг, градежни работи и набавки повеќе од очекуваното… поради што задолжителните резултати и планираните бенчмаркови НЕ МОЖАТ ДА БИДАТ ПОСТИГНАТИ!

Награда за Кирил Миноски од Никола Груевски за неговата неефикасност во реализацијата на ИПА фондовите е неговото поставување министер за финансии, на местото на кумот Зоран Ставрески.

Ете поради ваквиот однос на Груевски и неговите послушници, Р.Македонија веќе изгуби речиси 100 милиони евра од ИПА програмата, посочуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“