Заврши седницата на Апелациониот суд на која што се разгледуваше жалбата за одземање на пасошот на Небојша Стајковиќ, помошник-министер во МВР.
Судиите Биљана Иановска Шопова, Јани Нича и Африм Фидани ги слушнаа наодите на одбраната како и на обвинителите на СЈО.
Обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Артан Ајро, истакна дека во случајот на станува збор за набавка на мастики орбит, туку за набавка на шпионска опрема која што била платена два пати повисоко од регуларната. Правното лице, пак, кое што ја добилно јавната набавка, претходно не се занимавало со ваква дејност.
Адвокатот на обвининетот Стајковиќ пак смета дека судот не го зел во предвит однесувањето на обвинетот, кој што редовно се јавувал во судот и обвинителството, не се криел и немало да побегне.
Дополнително, додаде адвокатот Петар Василев, судот веќе еднаш ја одбил мерката за претпазливост за Стајковиќ во истражната постапка за овој случај во 2016. година.
Според одбраната, доколку се цени според обвинението на СЈО, тогаш сите јавни набавки во Македонија се незаконски, бидејќи набавките од ваков вид не се склучувале директно.
Василев побара од Судот, транскриптите да не бидат користени како докази бидејќи биле прибавени на незаконит начин, а набавката била извршена согласно член 7 од Законот за јавни набави.
Стајковиќ за себе рече дека не е виновен, дека е средно богат и дека нема намера на да бега, а службениот пасош на кој што се повика СЈО како можност за бегство му бил истечен уште пред да биде покренато обвинението.
Апелациониот суд одлуката треба да ја објави во текот на следната недела.
Специјалната обвинителка, Ленче Ристоска, кажа дека сметката на правното лице „Финзи“ преку кое е набавена опремата сè уште е блокирана.
Небојѓа Стајковиќ е обвинет во случајот на СЈО познат како „Трезор“, а покрај него во овој предмет обвинети се и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, како и шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски.