(ВИДЕО) Средба Заев-Фенгхе: С. Македонија очекува да се забрза испораката на 200.000 вакцини од „Синофарм“

Од:

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана генерал Веи Фенгхе.

Претседателот на Владата Зоран Заев во своето обраќање пред гостите од НР Кина нагласи дека двете земји ги исполнуваат своите обврски од Договорот за соработка во сферата на одбраната, особено во делот военото образование и обуки, информираат од неговиот кабинет.

Додаваат дека Заев на средбата апелирал до министерот за одбрана генерал Веи Фенгхе да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200.000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во процесот на имунизацијата во земјата која започнува утре.

Генерал Веи Фенгхе на средбата истакнал дека оваа порака ќе им биде веднаш пренесена на надлежните институции во НР Кина за да се потврди пријателството меѓу двете земји и за време на актуелната криза заради Ковид-19.

Премиерот Заев посебно се задржал и на економската соработка меѓу двете земји и изразил надеж дека работните тела на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и НР Кина набргу ќе ги завршат разговорите за укинување на визите со што ќе се постигне уште еден значаен чекор за уште поголем раст на трговската соработка, како и за интензивирање на соработката во туризмот.

Укинувањето на визите, рече на средбата премиерот Заев, ќе помогне да се оствари амбицијата на двете земји трговската размена идната година да ја достигне вредноста од 1 милијарда американски долари, која во 2020 година достигна до 763 милиони долари.

На средбата во Владата, на која присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, премиерот Заев, истакнал дека оваа официјална посета на Министерството за одбрана на НР Кина, е уште една значајна потврда на добрите односи меѓу двете земји кои во последните години имаат позитивен и нагорен раст.

Министерот за одбрана на НР Кина генерал Веи Фенгхе на средбата во Владата го пренесе своето и задоволството на Владата на неговата земја за степенот на соработка на двете министерства, и особено од остварувањето на позитивните трендови во економијата кои произлегуваат од консензуалниот договор меѓу Северна Македонија и НР Кина за унапредување на релациите меѓу стопанските субјекти на двете земји, известуваат од владините служби.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска