(ВИДЕО) Средба на Заев со белгискиот премиер Мишел: Реформски определената влада придонесува кон евро-атлантските интеграции

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со премиерот на Кралството Белгија, Чарлс Мишел.

Белгискиот премиер го честиташе изборот на премиерот Заев за претседател на Владата на Република Македонија и го поздрави, како што рече, лидерството, што го покажува премиерот Заев во предводењето на новата реформска Влада.

– Реформски определената Влада придонесува на патот на Македонија на евро-атлантските интеграции, оцени премиерот на Белгија, Мишел.

Белгискиот премиер, Мишел, додаде дека определеноста кон реформи согласно европските стандарди и добрососедските односи кон коишто видливо е определена Владата на Република Македонија придонесуваат во остварувањето на овие две стратешки цели на државата.

– Владата на Република Македонија вети квалитетен живот за граѓаните и преземаме чекори што тоа го обезбедуваат. Низ реформскиот процес, преточен во Планот 3-6-9 и иницијативноста за активна регионална и меѓународна соработка со пријателите на Македонија, отвораме можности и ги охрабруваме домашните и странските инвеститори да инвестираат во Македонија. Тоа сметаме дека ќе придонесе кон економски развој, како и кон реализација на аспирациите за членство во ЕУ и НАТО, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев соопшти поради дека ваквите принципиелни политики на Владата на Македонија, Република Македонија со право очекува тргање на условеноста на препораката за ЕУ, а потоа и датум за преговори, како и покана за членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВИДЕО: Пропалестински демонстранти во Белгија уништија воена опрема за Украина вредна над милион евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ