ВИДЕО: Средба на Никола Груевски со Иво Вајгл и Едуард Кукан

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со генералниот секретар Христијан Мицковски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Александар Николоски и Влатко Ѓорчев остварија средба со пратениците во Европскиот парламент Иво Вајгл и Едуард Кукан.

На средбата соговорниците се осврнаа на актуелните политички теми и стратешките приоритети на државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната загриженоста случаите на самоволие и отворено прекршување на законите од актуелната влада во поглед на именувањата, и работењето на конкретни институции на владата. На средбата беа посочени случаи на притисоци зад кој стојат политички мотиви врз администрацијата, како и дискриминација по повеќе основи.

Беше истакната и загриженоста за актуелната економска ситуација и негативните трендови во однос на макроекономската состојба која може да доведе до рецесија и слабеење на економскиот стандард на граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека стратешки интерес на државата останува членството во Европската Унија и НАТО алијансата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски