(ВИДЕО) Србов: Рашковски се само назначил за владин претставник на Собранието на акционери на Телеком за хонорар 500 евра по седница

Од:

„Животот дојде за функционерите на Социјалдемократскиот сојуз, а за сите други граѓани дојде сиромаштија, рушење на стандардот.

Денес ќе се осврнеме на скандал во чие средиште е Генералниот секретар на владата, Драган Рашковски.

Рашковски се само назначил за владин претставник на Собранието на акционери на Телеком за хонорар 500 евра по седница.

Тој е новиот владин претставник во Собранието на акционери на Телеком и претседател на Собранието на акционери.

Тој се само предложил, а Зоран Заев и владата ја одобриле ваквата одлука.

Еве го тој документ каде се гледа дека на 3-ти август владата го овластила Драган Рашковски да присуствува и да биде владин претставник на Собранието на акционери на Телеком, а ваквиот документ си го потпишал токму самиот Рашковски.

Што значи Рашковски си се предлага, Рашковски си потпишува. Рашковски сам си се назначува. Класичен конфликт на интереси. На Рашковски мала му била платата од над 1.000 евра па сега ќе зема и 500 евра од Телеком.

Еве ги и привилегиите кој му следуваат на Рашковски.

Хонорар од по 500 евра за секое присуство на седница на Собранието на акционери, службен телефон, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

Ова не е единствениот случај на конфликти на интереси. Токму Елена Начевска, мајка на Вероника Начевска, сопругата на Драги Рашковски е именувана за претседател на Комисијата за жалби.

Ова е доказ за криминогеноста и раскалошеноста на кадрите на Социјалдемократскиот сојуз. Кога Заев вели ќе донел живот мисли на милионските суми евра кои се влеваат во нивите џебови, додека народот гладува. Затоа народот ќе ги казни на изборите на 15-ти октомври“, изјави Никола Србов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата