(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Од:

Приватните специјализанти лекари нема да го прекинат генералниот штрајк се додека не ја дочекаат информацијата од Владата во писмена форма дека се прифатени нивните барања за зголемување на надоместокот и за целосно решавање на нивниот статус во здравството.

Тие утрово штрајкувајќи во кругот на државните клиники „Мајка Тереза“ добија поддршка и од револтирани граѓани на кои не им е јасно зошто овие лекари не се примени на работа, а државата се жали дека нема медицински персонал по клиниките.

– На Онкологија е ужас кој не може да се поднесе, луѓе чекаат со часови за да дојдат до хемотерапија. Дајте да ги примат овие луѓе, зоѓшто да бидат невработени, да не им тече стаж како на сите нормални луѓе, дајте да се направи нешто за нив, да се бориме да ни останат тука. Како да ни останат. Како и народов да остане тука кога ќе нема доктори, до каде отидовме.

Многу е жалосно ова што се случува во нашата држава, два милиона народ не можеме да се организраме, срамота е во 21 век ова. До вештачка интелигенција дојдовме.

Ги разбирам докторите, малку се, но треба да се примат нови. Министерството или кој и да е треба да поведе сметка за тоа. Зошто луѓево да бидат невработени, стаж нека им тече, кога ќе одат во пензија, дали ќе земат пензија, дали некој размислува ова – зборуваше револтирана граѓанка од Скопје.

Таа раскажа какви голготи доживуваат пациентите на Онкологија чекајќи по десетина часа.

– Таму е многу гужва, ќе дојдете во 7.30 и ако стасате до 13 часот е супер. Мојата мајка е од Скопје, но што правиме со оние луѓе кои не се од Скопје – раскажа скопјанката.

Би можело да ве интересира

(ИНТЕРВЈУ) Игор Стојковски, директор на онкологија: Чекор по чекор, Македонија може да стигне до имплементација на моделот на здравствена заштита базирана на вредности

A1on

Дел од терапијата што недостасуваше на Онкологија пристигнала денеска, соопшти Таравари

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

Три лека од оние што недостасуваат се очекуваат денеска и утре на Онкологија

Катерина Ѓуровски

Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Стојковски: Пациентите што се третираат на универзитетската Клиниката за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија