(ВИДЕО) Спасувачка акција на МВР и ЦУК: Жител на Галичник со хеликоптер пренесен во болницата „8 Септември“

Од:

Постојан жител на Галичник денес со хеликоптер бил пренесен на лекување во болницата „8 Септември“ во Скопје. Поради големи снежни наноси селото е отсечено, па единствено можно било да се пристапи со хеликоптер.

За спасувачката акција јави Месната заедница Галичник преку објава на социјалните мрежи.

„Месна заедница Галичник сака да изрази благодарност до директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Министерство за внатрешни работи и САЕ Тигар, за организирана акција во која беше вклучен хеликоптер на МВР и припадници на специјалните единици со цел да се извлече дедо Павле, постојан жител на Галичник, на лекување во Скопје.

Во невозможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во Болницата 8ми Септември и му посакуваме брзо закрепнување“, стои во објавата на месната заедница.

Од таму укажуваат дека е неопходно е надлежните да отворат зимски пат до Галичник, преку село Јанче, Општина Маврово Ростуше. Апелираат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерствотот за транспорт и врски оваа делница од само 5 километри да се отвори.Потсетуваат и дека постојниот пат Маврово – Галичник е во категорија регионални патишта за кои е задолжително зимско одржување.

„Поради географската положба и ориентација, свесни сме дека одржувањето е невозможно во зимски услови. Меѓутоа, токму затоа е потребно да се овозможи алтернативен пристап од јужната страна, отворајќи пат од селото Јанче – делница од само 5 километри! Убедени сме дека тоа државата ќе ја чини помалку отколку вакви инцидентни и итни интервенции кои се тешки и ризични“, велат од Месната заедница Галичник.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години