(ВИДЕО) Спасовски во Кратово: Гласот за Стево е глас за напредокот да продолжи

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вечерва беше во Кратово, на средби со граѓаните на овој град.

Во обраќањето пред насобраните граѓани, Спасовски потсети на сите позитивни промени што владата предводена од СДСМ ги направи за краток период, за решавањето на наследените проблеми, за отворањето на патот за интеграциите.

Спасовски рече дека напредокот е очигледен и сега, на претстојните избори е важно да се продолжи по тој пат, да не се застане, да не се вратиме назад во неизвесност.

„Гласот за Пендаровски е глас за напредокот да продолжи. Од едната страна e Стево Пендаровски со кој знаете на што сте! Нема импровизации, нема гол популизам и лажни ветувања! Пендаровски е вистински, достоен претставник на државата и на граѓаните. Тој ќе обезбеди најмногу придобивки за граѓаните на нашиот пат кон НАТО и ЕУ“ рече Спасовски.

Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ која инсталираше фамилијарно владеење кое го изврши најголемиот грабеж на граѓаните. Се што зборува Мицкоски е тоа што го мисли Груевски. Тоа се две лица на една иста ретроградна политика, додаде тој.

Има огромна разлика помеѓу нашиот концепт за напредок и нивниот за враќање назад. За само неколку месеци ја зголемивме минималната плата, имаме рекордни инвестиции, ја вративме евтината струја, го решивме проблемот со стечајците, ја вративме земјата на вистинскиот пат. Тоа се конкретни работи кои носат подобар живот, повеќе пари кај граѓаните, раст, развој, со еден збор напредок. Ајде заедно да го продолжиме напредокот, повика Пендаровски од Кратово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?