(ВИДЕО) Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата

Од:

„Денеска се одржа седница на Комисијата за политика демографија и млади која што беше свикана од страна на претседателот на собранието, Африм Гаши врз основа членот 126 кој е решение беше задолжена пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ таа да ја води оваа седница. Меѓу другите точки на дневен ред се најде и точката на предлог-законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на нивните семејства како и на повредените. Во предлогот беше под реден број 12. Меѓутоа се случи груба узурпација на правото на претседава со комисијата од страна на колешката Ласовска со тоа што првично не дозволуваше промена дневниот ред. По нашата реакција дозволи да имаме предлог со којшто точката на Дневен ред од 12 побаравме да биде прва точка на дневниот ред. За жал не добивме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така не дозволи ниту да се предложи нова точка на дневен ред а тоа знаете дека бараме на секоја седница, точката за т.н. Закон за бранителите“ рече на прес-конференција во Собранието Оливер Спасовски – пратеник и координатор на ПГ на СДСМ.

Во текот на седницата, кога дојде до моментот да се разгледа предлог Законот за заштита на децата седницата беше прекината.

Спасовски порача „во изминатиот период имавме постојано барање дека овој Закон е исклучително важен, да помине за да можат да се лиценцираат луѓе односно кандидати кои што сакаат да работат во детска заштита, во градинки. Денеска се случи нешто што покажа дека немала никаква итност во однос на носењето на Законот за заштита на децата. Но покажа и дека она што треба да е врвен приоритет а тоа за семејствата на загинатите и оние членови на нивните семејства и на лицата коишто се повредени, над 25 во Кочани. Седницата беше прекината и да не се продолжи“.

„ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата и на нивните семејства. И воопшто не ни е јасно како и зошто пробуваат со едни вакви акробации, на деловнички кршења итн воопшто да не дојде на дневен ред оваа точка на комисијата. А со тоа да не може да продолжи понатамошната расправа во Собранието односно да премине на наследното читање. Мислам дека нема поважна тема во државата отколку што е Кочани во овој момент дека нема поважна потреба од носење на законски решенија отколку Законот за настраданите во Кочани. Час поскоро треба ВМРО-ДПМНЕ да поддржи и ние очекувавме дека ова ќе биде точка на дневен ред сите заедно ќе ја пратиме пораката на солидарноста, пораката НА единството и пораката на подавање на рака на институциите од граѓаните заради тоа што е а оваа многу потребна. Ние како пратеничка група инсистиравме да ова законско решение се донесе час поскоро да определиме финансиски средства кои ќе бидат доделени на семејствата“ рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД