(ВИДЕО) Спасовски: Со новата методологија за проширување на ЕУ се најавува и силна финансиска поддршка на земјите

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија вечерва ја отвори петтата од серијата 10-те планирани седници, што еднаш месечно се одржуваат во десет различни региони во државата.

Како дел од агендата на седницата на Владата во Охрид, во текот на денот се одржаа повеќе теренски активности на премиерот, на замениците претседатели во Владата, на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија и на акционерските друштва во сопственост на Владата.

На почетокот на седницата во Охрид, амбасадорката на Република Хрватска во нашата земја Нивес Тигањ ја презентираше програмата и приоритетите на Хрватското претседателство со Советот на Европската Унија.

Премиерот Спасовски изрази убедување дека програмата и приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, е информација од интерес и на градоначалниците на општините на регионот.

„Со новата методологија за проширување што ја донесе Европската Комисија се најавува да започне и програма за силна финансиска поддршка на земјите што го започнале тој процес, а голем дел од тие средства се наменети за поддршка на регионалниот развој, за поддршка на руралните средини и за поддршка на прекуграничната соработка, што секако е од интерес на граѓаните од општините Охрид, Струга, Ресен, Вевчани и Дебрца“, рече премиерот Спасовски.

На седницата на Владата во Охрид ќе се најдат уште неколку точки од интерес на граѓаните и општините од овој регион, како што се информацијата за посетата на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО, информацијата за извршениот инспекциски надзор на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга и информацијата за преземените активности на овластените градежни инспектори за овие подрачја.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности