(ВИДЕО) Спасовски: По десет илјади евра за секој млад човек кој сака да почне бизнис

Од:

Во денешнава посета на Крушево констатирав дека младите заминуваат од Крушево. Младите од Крушево го напуштаат своето родно место и Македонија затоа што не гледаат перспектива и заради тоа што немаат егзистенција. И ова не е само болка на Крушево туку е болка и на Македонија, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

„Досега од 626.312 граѓани коишто ја напуштиле Македонија претежно се млади луѓе. И токму денеска на оваа т.н индустриска зона Опаленик овде во Крушево да не беше лажно ветување на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше некоја можност, ќе се отвореше некоја фабрика, некое работно место и некој од младите луѓе ќе имаа егзистенција и ќе имаа перспектива својата иднина да ја градат овде во Крушево и во Р.Македонија.

Меѓутоа констатацијата на граѓаните на Крушево е дека се подготвени заедно да ги промениме овие состојби. Да овозможиме младите луѓе да останат во Крушево и Македонија и заеднички да ја градиме иднината на оваа држава. За тоа се потребни решителност, сериозност, одговорна власт, добра програма и добри мерки.

Затоа и овде пред Вас ветувам дека СДСМ ќе направи `се во однос на младите и развојот на младинските политики за да можеме да им влееме надеж на граѓаните на Р.Македонија.

Затоа се обврзуваме по формирањето на Владата на Социјалдемократкиот сојуз на Младинска гаранција за сите млади. За секој млад човек оној којшто дипломирал да има можност да студира на магистерски студии. За оние коишто завршиле средно образование да се запишат на факултет. Едноставно потребни се политики преку којшто државата ќе обезбеди преку бизнис инкубатори 10.000 евра за секој млад човек којшто ќе сака да започне сопствен бизнис.

Најважно од `се е да ја зголемиме економската моќ на граѓаните. Да помогнеме на секој граѓанин на Р.Македонија, што е можно повеќе пари да се вратат назад кај граѓаните и на тој начин да се пробуди желбата, надежта заеднични да ја градиме Р.Македонија и што е можно повеќе луѓе да се вратат од оние што излегоа надвор од сопствената држава“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски