(ВИДЕО) Спасовски: Референдумот е најсилен облик на демократија

Од:

Референдумот е најзначајниот облик на демократија. Граѓаните одлучуваат и нивниот глас е последен и мора да се почитува. Граѓанска должност е да учествуваме во градењето на македонската иднина и затоа, на 30 септември да излеземе на референдумот и да гласаме ЗА европска Македонија, порача потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, на средбите со граѓаните од општина Радовиш.

Спасовски на Меѓународниот ден на демкратијата зборуваше и за придобивките од влезот во ЕУ и НАТО, а од граѓаните на Радовиш побара да покажат одговорност и самите на 30 септември да одлучат за сопствената, но и за иднината на следните генерации.

На средбите со пазарџиите од Радовиш, Спасовски посочи дека влезот во ЕУ значи и влез на пазар од 500 милиони потрошувачи што ќе значи поголемо производство, поголем извоз и слободен пласман на производите, со што се обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

По средбите со граѓани, Спасовски попладнево ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Радовиш.

Би можело да ве интересира

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски