(ВИДЕО) Спасовски од Арачиново: Со членството во НАТО иднината е сигурна

Од:

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, учествуваше на граѓанска трибина во општина Арачиново, каде со граѓаните разговараше за процесот на интеграција и придобивките од членството во ЕУ и НАТО.

„Со членството во НАТО иднината е сигурна. Тоа е голема работа, се работи за иднината на државата, на граѓаните на нашите деца. Обезбедена, еднаш-засекогаш. Нема повеќе неизвесност, ја оставаме назад во минатото и одиме напред. Интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, значи сите граѓани од Македонија, припадниците на сите заедници, да ги уживаат сите права како граѓаните од земјите членки на ЕУ и НАТО. Со влезот во ЕУ и НАТО Македонија станува рамноправен член на најмоќните светски сојузи“ – рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи, истакна дека целиот свет ја поддржува Македонија и дека од најзначајните светски лидери што деновиве се во посета на нашата земја се поздравени напорите што ги прави Македонија, особено концептот на едно општество за сите што ја движи Македонија напред.

Зборувајќи за придобивките од членството во ЕУ и НАТО, Спасовски истакна дека интеграцијата во двата најзначајни светски сојузи обезбедува зголемена безбедност и сигурност, зачувани територијален интегритет, а Македонија станува сигурна дестинација за нови странски инвестиции што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и повисок стандард за сите граѓани.

„Немаме право да се прашуваме кои сме ние да одлучуваме, бидејќи сите ние сме повикани и носиме одговорност во овој историски момент за нас и нашите деца да донесеме нова правилна одлука. Гласаме за остварување на интересите на граѓаните и реализација на стратешки цели на државата и сите други интереси, особено партиските мора да бидат ставени на страна. На референдумот на 30 септември заеднички, гордо и достоинствено да излеземе и да заокружиме ЗА европска Македонија, да заокружиме ЗА сигурна иднина.“ – порача Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалмите банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов