(ВИДЕО) Спасовски и Петровска во Чаир за полицискиот час: Ништо не е исто, почитувајте ја забраната за движење

Од:

Премиерот Оливер Спасовски заедно со техничката заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, го посетија контролниот пункт на МВР во Чаир.

Двајцата се уверија дека е почнато со спроведување на полицискиот час, а Спасовски порача дека ништо не е исто како порано и побара граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата.

Запрашан зошто заедно со нив не е министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, премиерот рече дека тој е на друг контролен пункт со цел да се охрабрат повеќе полицајци и припадници на Армијата.

„Ова е моментот каде што првпат во историјата на државата имаме ограничување на движење на целата територија. Знаете сите дека ништо не е исто, дека се е вонредно и граѓаните знаат дека сите треба да се однесуваат вонредно и одговорно. Треба да ги почитуваат одлуките и наредбите кои ќе ги добијат од овластените службени лица. Да ја почитуваат оваа забрана за движење и дневно движење за групирање. Одговорноста е на сите нас. Ова не е битка само на здравството, полицијата Армијата, туку на секој еден од нас. Колку подобро се однесуваме, толку подобри резултати и побрзо справување со оваа ситуација“, рече Спасовски.

Тој повторно побара да не се излегува од дома без потреба.

„Да не се излегува од дома без нужна потреба. Така ќе се справиме со вирусот. Сакам да бидеме сплотени и единствени. Да ги почитуваме институциите“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска