(ВИДЕО) Спасовски: Да заокружиме „ЗА“, да ја обезбедиме иднината за младите

Од:

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Оливер Спасовски за време на вчерашната посета на Кичево, се сретна со граѓаните и учествуваше на отворена граѓанска трибина.

Пред присутните граѓани министерот Спасовски говореше за придобивките за Македонија со влезот во Европската унија и НАТО сојузот.

– Со членството во НАТО се гарантираат границите на Република Македонија, територијалниот интегритет, обезбедуваме мирен сон, на нашите семејства на нашите деца и преку таквата стабилност ги затвораме сите отворени прашања кои што 28 години демнеа над Република Македонија, рече Спасовски.

ЕУ, потенцира, значи отворање на Македонија кон светот и најважно прифаќање на европските вредности во нашата држава.

– Нема поголемо признание од тоа македонскиот јазик да биде официјален јазик и нашето кирилско писмо кај петстотини милиони граѓани, нема поголемо признание, нашиот идентитет кој е загарантиран да биде рамноправен со сите членки на европското семејство, додаде тој.

Спасовски ги повика граѓаните без разлика на нивната верска, национална, етничка или политичка припадност, да се вклучат во процесот за интеграција во ЕУ и НАТО, на 30 септември да излезат на референдумот и да гласаат „ЗА“ и со тоа да придонесат да се оствари сонот на претходните, сегашните и на идни генерации.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска