ВИДЕО: Советникот Витанов замина од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја поддржува СДСМ

Од:

Грубо сум изманипулиран од централното раководство на ВМРО НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица, почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица, вели во видео изјава советникот Методи Витанов, за кој вчера беше објавено дека преминал во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со што дојде до нов распоред на силите.

– Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО НП си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник, подржувајки ја советничката група на СДСМ, вели Витанов, во видео изјавата.

Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека имаат ново советничко мнозинство во Советот на Струмица откако Витанов влегол во нивните редови, барајќи итна седница за верификација на мнозинството, избор на нов претседател и вд градоначалник. Од СДСМ пак побараа, Витанов да ја преиспита одлуката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага