ВИДЕО: Советник на Чулев физички нападна началник од Тетово

Од:

Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер Наќе Чулев, физички го нападнал началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, кој бил на терен поради увид на сообраќајна несреќа која се случила претходно.

Инцидентот започнал со вербална расправија, а интервенирале и полициски службеници. Засега, непознато е која е причината за физичката пресметка која се случила во Тетово на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидриќ“ и улица „120“ пред локална кафетерија.

Советникот Ѓорѓиевски ѝ е познат на јавноста и по инцидентот кој го предизвика кога во Македонија беше воведен полициски час. Тогаш, тој се закануваше на полициски службеник кој го сопре на контрола и му побара дозвола за движење. Тогаш, Ѓорѓиевски спротивно на своите овластувања, му издаваше и наредби на службеникот, посочувајќи му дека ако не го послуша, ќе трпи последици.

Но, Ѓорѓиевски досега не е казнет за инцидентот, а од Кабинетот на Чулев тврдеа дека Одделот за внатрешна контрола не утврдила одговорност кај советникот. Тие додаваа дека му посочиле на советникот во иднина на внимава на своето однесување.

Од МВР засега нема официјален став за инцидентот, ниту за причините поради кои се случил. Оттаму кажаа само дека е отворена истрага од Одделот за внатрешна контрола, кој претходно, не го санкционираше Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

(ВИДЕО) Обвинителството собира докази за конфликтот во кој учествуваше Драган Бјелогрлиќ

Горан Наумовски

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски