(ВИДЕО) Солидарност: Уставен да ја укине обврската невработените да поднесуваат изјави за остварени приходи како услов за сини картони

Од:

Левичарското движење „Солидарност“ поднесе претставка до Уставниот суд од кој бара да ја укине обврската да се поднесуваат изјави од страна на невработените лица за остварените нето приходи во претходната година, како услов за добивање право на одредено олеснување при плаќањето на здравствените услуги, односно сини картони. Според Солидарност има реперкусии и за невработените лица, но и за самиот Уставен суд како институција.

-Фондот за здравствено осигурување, врз основа на оваа одредба од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, безобразно, си зеде за право минатиот месец да поднесува кривични пријави до околу 15.000 невработените лица, зашто, врз основа на изјавите што тие ги имаат дадено, оцени дека финансиски го оштетиле Фондот.


Според Солидарност, оваа претставка ќе му пружи прилика на Уставниот суд да си го одбрани достоинството кое му го загрози Собранието на Република Македонија.

-Уставниот суд во ноември 2012 година, по иницијатива на Движењето за социјална правда „Ленка“, ја укина одредбата според која правата од здравствено осигурување ќе се остваруваат „врз основа на поднесена изјава за остварени приходи на пропишан образец“. Експресно, во јануари 2013 година, Собранието донесе измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување со кои пропиша дека правата од здравствено осигурување ќе се остваруваат „врз основа на поднесена изјава во тековната година за остварените нето приходи во претходната година.“ Како што може да се види, се работи за чисто козметичка измена со која Собранието ја девалвира не само одлуката на Уставниот суд, туку и самиот Уставниот суд како важна институција на државата, велат од Солидарност.

Би можело да ве интересира

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност