ВИДЕО: Со узурпирање на охридските плажи, фирми остварувале приходи и до 190 милиони денари

Од:

Без концесии, а со користење на охридските плажи, фирми остварувале приходи и до 190 милиони денари. Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, тврди дека со направените анализи заедно со другите институции, дошле до фрапантни цифри на остварен приход, преку узурпирање на плажите. Токму тие концесионери, според градоначалникот, негодуваат и ќе негодуваат, кога Охрид ќе ги ослободува плажите.

„Фирма концесионер на плажа за период од четири години која немала активен договор за концесија, остварила приход од фантастични 190 милиони денари. Друга фирма која исто така без договор за концесија која стопанисувала со плажа, во истиот период остварила приход од 59 милиони денари. Трета фирма со стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца вработени на месечно ниво. Оваа пракса за градење на бизниси, а на штета на државата и општината, но и светското културно наследство мора да биде минато. Треба на сите да ни стане јасно дека ваква урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони, едноставно, повеќе, нема да има“, рече Георгиевски.

Дури и кога плажите биле издадени со активен договор за концесија, тие работеле како ноќни клубови и ресторани, што според градоначалникот Геоергиески е противправно.

„Поранешните концесионери на плажите негодуваат и ќе негодуваат со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија. Дел од нив иако имале договори за плажи и работеле како ресторани, ноќни клубови, нелегално ги издавале и под закуп. Истото го правеле и по истекот на договорите за концесии, по што не плаќале наем. Дојдовме до фрапантни цифри на остварен приход откако поранешните концесионери немале никакви договори за концесија“, додаде тој.

„А1он“ повеќепати објавуваше дека договорите за закуп на плажите во Охрид се истечени пред повеќе години, а последниот во 2018 година. Според истенчените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион